Стручната комисија за образование и наука на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред малку со свое соопштение упатено до јавноста за хаосот кој што е присутен во образовниот процес низ целата држава ја обвини директно Министерката за образование и наука Мила Царовска како и Владата предводена од СДСМ.
Во продолжение интегрално во јавност го пренесуваме нивното соопштение:
“Почитувани,
Во образовниот процес владее тотален хаос поради неспобноста на Владата на СДСМ и министерката за образование и наука Мила Царовска.
Во образложението на законите за основно и за средно образование, министерката Царовска рече дека измените не се од голем обем и сложеност и додаде дека овие законски измени се потребни за безбедно и непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во текот на училишната година.
Да потсетиме, во измените на Законот за основно образование кои веќе се изгласани е наведено дека:„Целта на овој закон е да се обезбеди безбедна училишна средина за сите инволвирани во воспитно-образовниот процес во училиштата (ученици, наставници и друг ненаставен кадар, родители).
Со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон, но е во насока на започнување на учебната 2020/2021 година во безбедна работна средина, за обезбедување на безбедно учење, целосен опфат на сите ученици и добросостојба/заштита на сите инволвирани во воспитно-образовниот процес, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија се предлага овој закон да се донесе по скратена постапка“.
Но не смееме да заборавиме што изјави на 1.10.2020 министерката Царовска:
,,Може во мене да гледате партнер, затоа што нема да се секирам за бирократија, за административните работи.Тие се дел од законите, но сега ми е најважно да сме посветени на нашите деца, да сме посветени едни на други и годината ќе ја завршиме успешно. Родители и вас не ви е лесно, да одите на работа, да се грижите каков е образовниот процес во училиште, да размислувате дали можеби детето има или нема покачена температура додека сте на работа”.
Дали ова значи дека МОН нема одговорност за злоупотреби на онлајн наставата, директорите на училиштата, туку само родителите се клучен фактор?
Само родителите клучен фактор, а тие се на работа нели?! А, законот во чија надлежност е или само на хартија е?
За ваквото неодговорно однесување и работење следи одговорност од СДСМ и министерката Царовска.”