БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски помеѓу нашинците во Благоевград: Денеска сме тука да ги поддржиме нашите Македонци во Бугарија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ како ниеден друг политичар од Македонија денеска излезе помеѓу нашинците во Благоевград кои што присуствуваа на отварањето на Македонскиот клуб “Никола Вапцаров”.

Тој е прв висок политичар од Македонија кој што на јавен настан во Бугарија, без никакво двоумење соопшти дека ги поддржува Македонците од таа страна на границата.

“Да го поддржиме отворањето на овој клуб, да ги поддржиме нашинците, Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци кои што зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И за тоа во 21 век веќе не треба никој нити да има дилема, нити треба воопшто да разговара.

Треба да се почитува правото на самоопределување. А, нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти.

Затоа сме денеска тука да ги поддржиме нашите Македонци во Бугарија. “

-соопшти Христијан Мицкоски во изјава за јавноста пред Македонскиот клуб во Благоевград.

Креирано од:


Пренеси го гласот