БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски: Пуштете го Заев да дојде на Дебата да му кажам што мислам за Бојкотот!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По синоќешниот повик на Христијан Мицкоски до Зоран Заев за јавна телевизиска дебата каде ќе може да го соочат своите ставови во врска со сите актуелни прашања, пред се околу референдумот За промена на името Република Македонија, и по експресното одбивање на Заев дека ќе дошол ама пред тоа Мицкоски да соопшти дека ќе гласа на референдумот, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со уште еден повик до Заев:

Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата.
А ако се плаши и си бара изговор тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност. На дуелот нема да може да дојде медиумската армадила под контрола на власта, ќе ги нема ниту оние партиски ширачи на невистини кои секојдневно парадираат лажно креирајќи розева слика, ниту пак некој од надвор ќе може да го брани, тој ќе е оставен сам на себе. Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел.

Креирано од:


Пренеси го гласот