БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

И покрај “плукањето” на цел народ во очи, Тамара се надева на продолжување на нејзината кариера

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во интервју за весникот Фокус пеачката Тамара Тодевска говори за нејзиното искуство откако на прием во Американската амбасада во Република Македонија при пеењето на Македонската химна ја пропушти строфата каде се спомнуваат Македонските национални херои Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански.

На прашањето од Фокус: 

Од Евровизиска ѕвезда која и донесе огромен успех на нашата земја, за кратко време стана мета на напади, поради како што самата појасни, ненамерната грешка при интонирањето на химната. Колку и како сето тоа ти влијаеше, таа ,,хајка” на социјалните мрежи, напади, навреди?

Тамара одговара:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Верувам дека во животот ние самите сме си одговорни за работите што ни се случуваат. Знам дека направив голема грешка и навистина ми е жал за се што се случи. Не велам дека ми беше лесно тие неколку денови, но од друга страна јас знам која сум, знам што сум и знам во што верувам и ниеден лош коментар или навреда тоа нема да го промени. Македонија е мојата татковина. Земјата која ме направи појака, похрабра, помудра. Земјата во која растат моите деца и земјата со која се гордеам. Се во животот е лекција, а јас ја научив мојата.

Подолу во интервјуто таа кажува како планира да продолжи со својата пеачка кариера после двомесечната пауза после епизодата со пеењето на химната на начин кој вознемири многу Македонци.

Целото интервју прочитајте го во Фокус.

Никаде во интервјуто на Тамара не е спомнат нејзиниот набој за глорификација на терминот на с, за што исто така пеачката беше ставана на тапет од страна на Македонскиот народ. Веројатно играјќи на картата на кратка меморија на луѓето пеачката смета дека луѓето би ги заборавиле тие нејзини постапки, па ќе продолжат да бидат извор за финансирање на нејзините настапи. Дали тоа ќе се случи останува да видиме…

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace