БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

И покрај тоа што СДСМ ја имаат власта во Штип, во услови на пандемија сакаат да одат на избори! Зошто?

Пренеси го гласот

Владеачката СДСМ и покрај тоа што го има мнозинството во советот во општина Штип и назначено в.д. градоначалник сепак и покрај апелите на ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерите во услови на пандемија со високо ниво на заразени и мртви граѓани да организира предвремени локални избори во Штип и Пласница.

Прашањето е зошто?

Зошто им е значајно на СДСМ и Зоран Заев да трошат огромни ресурси и пари на граѓаните притоа да го загрозат дополнително здравјето на Штипјани за да изберат нов градоначалник за само 8 месеци мандат?

Дали катастрофално неуспешната работа на претходниот градоначалник Благој Бочварски и желбата да се заборават нереализираните ветувања за граѓаните е причина за ова тврдоглавост на СДСМ и Зоран Заев или е во прашање друго нешто, во недостиг на информации во јавност, на граѓаните им останува да шпекулираат. Законските рамки сигурно не се доволен аргумент за загрозување на животот на штипјани, затоа што законите се носат за добро на граѓаните и истите може да се менуваат за таа цел.

За ваквата состојба, вчера своја реакција упатена во јавноста имаше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов, кој ги истакна неговите позиции во врска со оваа проблематична работа.

“СДС веќе ја имаат локалната власт, во вакви здравствени услови беспредментно е да се зборува за избори. Доколку реално сакаат да ги реализираат проектите кои планираат да ги лажат на предвремените локални избори, за тоа имаат 8 месечен мандат и период истите да ги реализира актуелнитот в.д Градоначалник од редовите на СДС. Парите кои планираат да ги потрошат за кампања и организација на избори за 8 месечен мандат нека ги пренаменат за инвестиции во здравството и економијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе и убедливо ќе победи на првите регуларни локални избори на кои ќе бидат поразени сите овие штетни политики и одлуки на СДС.”

-соопшти Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/1786008074782827/posts/3706622682721347/?sfnsn=mo

Креирано од:


Пренеси го гласот