БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Идните советници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот во Пробиштип ќе донираат 20% од своите паушали во наредните 4 години за добротворни цели

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Маријан Миленковски во свое соопштение упатено до јавноста информираше дека опозициската партија на локално ниво донеле одлука 20% од месечните паушали кои што ќе ги добиваат идните советници на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет да бидат донирани за хуманитарни цели.

“Хуманоста е доблест, која ја отсликува големината на еден човек!

Овде имаме доблест за цела група!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На денот кога ги заклучуваме кандидатите за победничката советничка листа, на предлог на кандидатот за Градоначалник, д-р. Маријан Миленковски и членовите на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип, членовите на општинскиот изборен штаб и членовите на општинскиот комитет едногласно ја прифатија одлука за доброволно отстапување на 20% од месечниот паушал на изгласаната победничка листа на советници во посебен солидарен фонд.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ го освои мнозинството во Советот на општина Пробиштип, 20% од месечниот паушал на избраните советници од победничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип доброволно ќе бидат префрлани на посебен граѓански фонд, а средствата од овој фонд ќе се искористат за помош на ранливите категории на граѓани од Пробиштип, како што се: млади долгорочно невработени лица, лица со посебни потреби, социјални случаи, жени жртви на семејно насилство, помош при лекување на наши сограѓани, односно секаде каде што се најпотребни.

Тоа е најмалку што можеме да го направиме за нашите сограѓани, бидејки мандатот и довербата ќе ни бидат дадени од нив и имаме морална, граѓанска, а пред се човечка должност да се бориме за подобро утре на секој наш сограѓанин!

Имаме доблест да ја бараме Вашата поддршка,
ќе имаме доблест и да се откажеме од дел од месечниот паушал!

Пробиштип повторно ќе биде град на сите луѓе!”

–напиша на фејсбук кандидатот за градоначалник на Пробиштип Маријан Миленковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace