БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Илија Димовски: Тогаш кога Македонија ќе биде Македонија, тогаш ќе имаме право да славиме, денес само смееме да одбележуваме

Пренеси го гласот

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на социјалните мрежи сподели свој личен коментар во врска со овогодинешното одбележување на најголемиот Македонски празник Илинден.

“Тогаш кога Македонците ќе имаат право да кажат дека се Македонци;

Тогаш кога Македонците ќе можат да учат на македонски;

Тогаш кога Македонците ќе можат да соработуваат и живеат помеѓу себе без разлика на границите кои ги поделуваат;

Тогаш кога Македонија ќе може да се вика Македонија;

Тогаш кога Македонија ќе може да го вее знамето кое прво го развеа;

Тогаш кога Македонија ќе може да ги учи своите деца на историјата која ја помни за себе, по македонски;

Тогаш кога Македонија ќе може да ги крсти своите телевизии, театри, библиотеки, филхармонии за македонски;

Тогаш кога Македонија ќе биде Македонија,

тогаш ќе имаме право да славиме, денес само смееме да одбележуваме.

Денес само одбележуваме за да се потсетиме дека

ние Македонците во 21 век се уште ја немаме остварено идејата за народна слобода.

bregalnickimarketing

Да е вечна идејата за слобода!

Да е вечна идејата за слобода на Македонија!

Да е вечен споменот на Илинден!

Честит Илинден!”

-нашиша на социјалните мрежи Илија Димовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот