БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска за првпат во историјата на македонската поп музика се објави серијал од четири песни и четири видео записи – Лара ги поместува границите и ги крши стереотипите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Скопје, 02.08.2024 – За првпат во историјата на македонската поп музика се објави серијал од четири песни и четири видео записи, според најсовремени, светски стандарди. Зад овој голем музички проект се потпишува единствената Лара Иванова и како артист и како дел од авторскиот тим.

Само Лага, Ризик, Токсин и Таму Горе се песните кои ќе се објавија денеска и кои со сигурност ќе остават длабоки траги во македонскиот музички етер и ќе бидат со трајна музичка вредност.

Публиката веќе подолг период со нетрпение го очекуваше датумот на објавување на песните, а од денеска сите имаат можност да уживаат во новиот звук и ексклузивните видео записи, на YouTube каналот на Лара Иванова.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сите песни ги поврзуваме слична љубовна тематика, со силна емоција, но различен ритам.

За Лара Иванова ова е најголемиот предизвик кој досега го имала во нејзината музичка кариера, но и најголемо остварување како автор. За сето ова особено им се заблагодарува на сите соработници, кои го вложиле секој нивен атом на енергија, љубов и поддршка.

Во тимот за видеопродукцијата се вбројуваат десетина професионалци, односно Били Д., Даниела Радевска, Милан Богдановски, Тоше Данев, Стефан Трпчевски, Филип Димитриевски и Дарко Ѓоргиев. Покровители на овој музички проект се Soloprom, Miniso, Autowelt, Zanov, Owl Mixology, Goldenbarrel Poolbar, Dress Code и Brainster.

Автори и продуценти на песните се Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветковски, Панче Касапски и Робин Зимбаков, кои секоја песна ја издигнуваат на ниво погоре и создаваат музички ремек дела.

Македонската публика заслужува артисти како Лара Иванова, кои со неисцрпна посветеност се вложуваат за домашната музичка сцена. Со денешното објавување на Само Лага, Ризик, Токсин и Таму Горе се означува почетокот на новата ера во македонската поп музика. Затоа, веднаш посетете го YouTube каналот на Лара Иванова и препуштете се на најдоброто аудио-визуелно искуство.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace