По повод Денот на Републиката – Илинден, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со членови од Советот на Општината, делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ и локални ограноци на политички партии положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.
– Се поклонуваме пред жртвите за слободна Македонија одбележувајќи 121 година од Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Славејќи го Илинден – најголемиот македонски празник, ги славиме идеалите на илинденците за воспоставување поправедно општество и асномските темели на слободната македонска држава.
Возвишените илинденски чувства ги чуваат вековните стремежи на Македонија за слободен народ во своја, слободна држава.Илинден нека остане наша водилка кон слободна, просперитетна, успешна и напредна Македонија. Нека ни е честит Илинден – Денот на Републиката и нека ни е вечна Македонија – истакна во празничната честитка градоначалникот Папазов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КЈП „Водовод“ – Кочани: Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици
Започна асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани