БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Имаме скапа струја а сиромашен народ. ВМРО-ДПМНЕ повика на граѓански протест во среда во 18.00 часот пред Министерството за правда

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција од пред партиското седиште ги повика граѓаните на масовен граѓански протест за спротивставување на актуелната мафијашка влада предводена од Зоран Заев.

Тој како аргументи за ваквиот протест помеѓу другото го наведе и поскапувањето на струјата кое што во изминатиот период го направи актуелната старо-нова власт.

“Сите овие бројки кои ги споменав укажуваат на тоа дека народот го чекаат уште потешки времиња. Финалниот удар врз џебот на народот беше кога скрушум на шверцерски начин во текот на периодот на одморите ја покачија цената на струјата. И тоа ја качија цената на струјата создавајки екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија. Нов бонбона бизнис! Сметките со поскапа струја не оштетуваат сите: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати сме една иста група на граѓани кои што делат една иста мака, а тоа е сиромаштијата. Затоа што во исто време владата си ги полни џебовите додека ги празни тие на народот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Отпорот станува наша должност и ова е време кога треба да се биде гласен.

И затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на граѓански протест во среда на 9-ти септември со почеток од 18 часот. А тоа е прв во серијата кои што же ги организира коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Појдовна точка же биде министерството за правда а же заврши пред регулаторната комисија за енергетика која е маша на власта и која ќе ја повикаме и ќе бараме додека тоа не го направи да се врати цената на струјата по старо. Имаме скапа струја а сиромашен народ. И токму поради тоа же протестираме во овој прв од серијата која што ќе трае во следниот период. Тоа е причината поради која ќе излегуваме секогаш со свои барања.

И сакам уште една порака да испратам до сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци.

Време е да се обединиме, да ги надминеме нашите разлики и да направиме опозициски фронт против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот. И точно е имаме разлики, различни гледишта можеби и различни концепти. Ама и во Тетово, Битола, Штип или Скопје народот го обединува сиромаштија против која мораме заеднички да се бориме. И мораме да се спротиставиме на оваа мафија со активен отпор и на улица, на протести и да протестираме за секоја тема која ги мачи граѓаните.

И ова е отворен повик да се обединиме за да ја зачуваме државата и да ги заштитиме граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада а сиромашен народ. Мора да се избориме за систем, вредности и иднина. И како што реков, мафија не се руши со една битка, туку со многу битки и труд, а ова е почетокот на нивниот крај.

Ние тргнуваме!

-соопшти Христијан Мицкоски со што го најави падот на мафијашката влада на СДСМ предводена од Зоран Заев.

Целата прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ погледнете ја во продолжение:

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/783930155766009/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace