БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Интернет сведоштва: Дали пушењето марихуана ги подобрува способностите за учење? Колку долго влијае?

Пренеси го гласот

Во денешното модерно општество се присутни голем број на аргументи, за влијанието, ефектите и штетноста/нештетноста на марихуаната врз човечкиот ум.Оваа дебата во Македонија е особено интензивирана во последните 2-3 години, преку појава на јавни дебати, искази во јавност на борци за легализација на марихуаната, медиумски прилози и институционални регулативи за конфекционирање на марихуаната во вид на здравствен фармацевтски продукт со вклучување на големи бизнис интереси на луѓе блиски до актуелната власт во државата.

Во продолжение ќе пренесеме неколку лични искуства на забележителни луѓе во интелектуелна смисла кои имале своевидно лично искуство со ова растение и ефектите од негово консумирање во човечкиот организам.

Ричард Морис (Richard Morris)- Доктор на науки, Тутор по Математика, Компјутерски програмер

Пушев марихуана многу за време на моите студии, периодот на работа на мојата докторска дисертација и последователно во периодот после мојата докторска работа. Една од причините зошто ја користев марихуаната беше да ја забрзам/подобрам креативноста, обидувајки се математичките прашања да ги гледам од различна перспектива. Многу е тешко да се каже дали марихуаната ми помогна или ми отежна во тие мои напори.

Она што реално се случуваше е дека марихуаната имаше голем ефект на моето расположение, создавајќи интензивни подеми и падови. Откако се откажав од марихуаната моето расположение е по стабилно . Немам многу математички идеи но тоа можеби е резултат на тоа што повеќе не сум на универзитетите.

Можеби барав краток пат но мислам дека такво нешто не постои. Не може да побегнете од фактот што за да успеете во одредена работа мора да инвестирате соодветна работа.

Можеби читателите ќе сакаат да погледнат дел од моите работи кои сум ги создавал за време додека консумирав марихуана на сл. линк тука.

Адам Парсонс (Adam Pearson) -Коефициент на интелигенција 145, Диплома на политички науки, учел финансии и економија, Сопственик на RedPebble Consulting 

Пушев марихуана од мојата 14-та година. Кога започнав прв пат да пушам, речиси и не го осеќав нејзиното дејство. По неколку месеци, пријателот со кој што пушевме заедно доживеа комплетна психотична епизода и насилно сексуално ме нападна. По тоа марихуаната ме направи параноичен.

Евидентно пријателот доживеа посилна реакција на дрогата одошто јас. По тој напад, оценките во училиште ми се намалија рапидно. За несреќа како резултат на хронолошки блискиот термин со сексуалниот напад и моентите на консумација на марихуана, тешко е да се каже кое од овие две работи влијаеше на падот на моите оценки во училиштето.

За време на годините кога пушев марихуана во големи количини, ја обвинував марихуаната за недостигот на моја посветеност и посетеност на училиштето. Додека студирав следев правило дека не можам да пушам во друг ден освен викенд и тоа не повеке од 2-3 викенди последователно. Во раните студентски денови забележав кај себе намалени ментални перформанси два викенди после пушењето на марихуана.

Ја тестирав мојата теорија. Првиот семестар ретко пушев повеке од два последователни викенди. Мојот просек беше 3.8/4. Во мојот втор семестар пушев пречесто, но никогаш кога имав одредена работа да вршам. Мојот просек на оценките беше 3.6/4. Третиот семестар слично како вториот. Во периодот кој следуваше пушев уште почесто од претходно а просекот ми беше 3.4/4. Во последниот семестар воопште не пушев марихуана се до последните недели од семестарот и добив просек од 4.0.

bregalnickimarketing

Верувам дека марихуаната ја попречува способноста на консументот за трезвено размислување. Марихуаната ја попречува способноста за формирање логички апстрактни мисли , но пречките можат да се надминат кога толеранцијата на дејството на дрога кај консументот е висока, и кога консументот вложува повеќе енергија кон планираната работа. Ова значи тека одредени задачи се постигаат побавно кога консументот е под дејство на дрога, освен ако целта не е претходно постигнувана повеќе пати за да биде поврзана со меморијата. Но марихуаната не предизвикува пречки во атлетските способности, но понекогаш можа истите да ги подобри, како резултат на ефекти на одмор што марихуаната ги предизвикува.

Според моето искуство марихуаната те прави подобар во спортот, но може да ги успори твоите перформанси во училиште ако не сте внимателни со нејзино користење.

Арон Мена- студент на Невробиологија и Филозофија на Ирвин Универзитетот во Калифорнија.

Студент сум на Невробиологија и имам направено значителен број истражувања на ова поле.

Постојат три главни фактори кои што можат да влијаат на вашите когнитивни способности поврзани со употребата на марихуана:

  1. Колку долго консумирате марихуана
  2. Колку често ја консумирате
  3. На која возраст сте додека консумирате.

Доколку сте во критична фаза на развој на вашиот мозок што трае од раѓање па се до околу вашата 20-та година, се наоѓате во поголем ризик за развој на различни неврални патеки, ако консумирате марихуана. Ако пушите повеќе пати во денот, во тек на повеќе месерци или можеби години во оваа фаза на развој, имате поголем ризик за формирање на различни типови на неврални патеки.

Хронолошки пушев марихуана уште од првата година од моето средно образование. Имав одредени паузи, но во голем дел пушев големо количество марихуана. Не забележав пад на моите математички способности, но она што го забележав е пад на способноста за прибирање информации. Моите долготрајна и краткотрајна меморија беа во хаос. Имав проблеми во паметење на термини и точни факти. Мојата способност да разберам и применувам различни концепти воопшто не опадна. Исто така забележав дека марихуаната ми влијаеше на емотивниот живот. За време на растење на мозочната маса мозокот поврзува соодветни реакции кон специфични настани и сценарија. Верувам дека овие мозочни патеки беа оштетени и/или успорени во нивниот развој, како резултат на хронична употреба на марихуаната. Генерално, не забележав пад во мојата спосопбност за учење, единствено во мојата способност за меморирање и паметење на точни информации.

Што се однесува на прашањето “колку долго”, нема искуство колку долго ефектот би траел. Верувам дека ефектите на развојот на мозочната маса се овде за да останат, но вашиот ум може да биде трениран за да ги запамети информациите поефективно и поквалититативно.

Креирано од:


Пренеси го гласот