“РЕАКЦИЈА КОН НЕСОВЕСНОТО РАБОТЕЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ НА СДСМ
Веќе втора недела поради невидливи и непознати за јавноста причини, оградата на мостот на река Габровчица на Булевар Македонија е одстранета
Поради несериозниот пристап на локалните власти на СДСМ, една од најфрекфентните улици по која што секојдневно поминуваат овде стотици наши сограѓани, истата претставува сериозна опасност по нивната безбедност
Господа НАДЛЕЖНИ, ова опасно и необезбедено место се наоѓа само на 50тина метри од ООУ “Климент Охридски” Делчево и овде од денес секојдневно ќе поминуваат сите дечиња од населбите Ново Делчево и Ѕвегорска Река одејки на училиште
Апелираме поради безбедноста пред се на дечињата но и на секој еден наш сограѓанин ова веднаш да биде решено
#Концепт800Плус#ВМРОДПМНЕ#ЗаДелчево#ПроектиЗаГраѓаните“
-реакција упатена во јавноста од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол
Пробиштип два дена домаќин на Првата докторска олимпијада
Жител од Пробиштип уапсен во Свети Николе поради тешка кражба