Денеска започна учебната година за првачињата од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани. На настанот за прием на првачињата присуствуваа родителите, наставниците и градоначалникот на Општина Кочани, којшто им посака успешна учебна година и високи достигнувања на поле на музиката.
Оваа учебна година настава посетуваат 164 ученици и тоа 114 ученици во деветгодишно образование и 50 ученици во шестогодишно образование.
Во прво одделение во деветгодишно образование се запишани 16 ученици, а во шестгодишно образование 8 ученици.
Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е училиште со многубројни државни и меѓународни награди, кое опфаќа деветгодишно и шестгодишно музичко образование во зависност од инструментот кој се изучува.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово
Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување