БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иште една убава вест за Македонија: Најниско ниво на државниот и јавниот долг во последните 5 години

Пренеси го гласот

Претседателот на Владата а на Република Македонија Христијан Мицкоски утрово објави уште една убава вест за Македонските граѓани поврзана со макроекономските политики на владата кои се рефлектираат на економската состојба за сите граѓани.

“Уште една убава вест за македонската економија и граѓаните. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви/Март, намален е јавниот и државен долг. Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%.

Одлични индикатори за состојбата на македонската економија. После првата фаза на стопирање на слободното паѓање што се случуваше седум години, побргу од очекуваното се случи консолидирање, сега следува период на развој и реализација на стратешките цели во овој мандат на владата.

Продолжуваме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија!

Македонија станува повторно твоја!”

-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот