Во соопштени за јавноста Министерството за култура и туризам упати известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Истиот за лектор за јануари 2025 година
“Влезниот дел од испитот ќе се одржи на 28 јануари со почеток во 11 часот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Практичниот дел од испитот ќе се спроведе веднаш по прегледувањето на тестовите.
Кандидатите може да носат со себе преносен компјутер за електронскиот дел од практичниот испит.
Усниот дел од испитот ќе се одржи на 30 јануари со почеток во 11 часот.
Консултациите со заинтересираните кандидати ќе се одржуваат по претходен телефонски договор:
проф. д-р Лидија Тантуровска (телефон: 079 / 237-116)
проф. д-р Весна Костовска (телефон: 075 / 298-496)
проф. д-р Томислав Треневски (телефон: 076/ 469-468)”
-стои во соопштението на Министерство за култура и туризам упатено до јавноста

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства
67 годишна жена од с. Дрење, Крива Паланка физички нападната од три женски лица околу недоразбирање со крави кои правеле штета
Македонската претседателка го честита денот на Албанската азбука