По завршувањето на Првиот круг на Претседателските избори во Делчево на кој што убедлива победа извојува претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Проф Гордана Сиљановска Давкова, своја прес конференција имаа од општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
На прес конференцијата претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево Иван Гоцевски ја искажа својата благодарност за сите граѓани кои што излегоа и го дадоа својот глас на изборите со што го манифестираа својот висок граѓански капацитет.
Притоа Гоцевски повика и преостанатиот дел од кампањата да помине во фер и демократска амосфера во позитивен дух и ги повика сите граѓани да ја победат победничката “Платформа 1198”.
Целата изјава на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево може да ја погледнете во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево