БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Модернизација на преминот преку железничката пруга на улицата „Никола Карев“ во Кочани

Пренеси го гласот

Во тек е реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани.

На премините се поставува гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот.

Поради тековните активности, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци е затворен за сообраќај, а надлежните служби ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот сообраќаен режим.

По завршувањето на овој премин, градежните работи ќе продолжат на преминот кај Ветеринарната станица, на улицата „Лазар Андонов“, каде што ќе се обнови и сообраќајната сигнализација и ќе се направи соодветен простор за движење на пешаците. 

Креирано од:


Пренеси го гласот