БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Тошковски на посета на ЕБР

Пренеси го гласот

Министерот за Внатрешни Работи панче Тошковски во текот на денешниот ден во рамки на неговите работни обврски беше во посета на Единицата за брзо распоредување на МВР.

“Денеска бев во работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени во Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Во рамки на посетата направив кратка обиколка на центарот, ја посетив спомен собата на ЕБР и оддржав работен состанок со поширокото раководство на двете Единици.

Од страна на командантите на двете Единици бев запознаен со структурата и делокругот на нивната работа и во тој поглед ЕБР е Единица која постапува главно за воспоставување на јавниот ред и мир при спортски натпревари, јавни манифестации и масовни демонстрации, при справување со вооружени и екстремистички криминални банди во планински и рурални средини, при апсење на опасни лица, а дава асистенција и на други организациски единици во МВР, но и на други институции. Исто така, беше потенциран проблемот со трендот на намалување на бројот на припадници на Единицата и се помалиот интерес за работа што во иднина може да го доведе во прашање високото ниво на ефикасност во нивната работа. Од аспект на опрема потребен е континуитет во набавката на опрема и возила кои недостастуваат во последниот период.

Што се однесува до ЕОП оваа Единица е сочинета од 3 батаљони кои се сочинети од редот на редовните полициски службеници низ Секторите за внатрешни работи. Нивниот делокруг на работа е главно при нарушен ЈРМ од поголем обем и давање на поддршка и спроведување на обуки за другите организациски единици во Министерството.

Од моја страна беше изразена благодарност за професионализмот што го покажаа во контекст на изборите и кој овозможи да имаме безбеден изборен ден и потенцирав дека во иднина секогаш ќе давам поддршка на специјалните единици бидејќи тие се првиот столб за заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Министерот за Внатрешни Работи Панче Тошковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот