На последната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на партијата Христијан Мицкоски и по претходно спроведена постапка, за нов претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево беше избран Иван Гоцевски.
Иван Гоцевски е актуелен советник и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево. Тој е од помладата генерација на политичари во Делчево кој произлегува од приватниот сектор, но не му недостига искуство во јавниот живот во Делчево кое произлегува од неговиот претходен граѓански активизам.
Иван Гоцевски е млада и динамична личност, спортист и познат и афирмиран млад човек помеѓу сите генерации во општината.
Иван Гоцевски по изборот на новата функција се обрати со свое соопштение во јавноста чиј текст го пренесуваме интегрално во продолжение:
“Почитувани членови, симпатизери, подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, мои роднини и пријатели и сите граѓани на Општина Делчево, огромна чест ми е да Ве известам дека на вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на предлог на Претседатетелот Христијан Мицкоски сум избран за Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
Особено сум горд на укажаната доверба, но истовремо истата претставува огромна обврска, ангажман и посветеност за развој и иднина на нашето Делчево!
Мои делчевчани, време е заедно да креираме позитивни политики за нашето Делчево.
Во овој момент е потребно обединување и јакнење на нациналното и родољубиво ткиво, а ние заедно уште веднаш да се ставиме на располагање за прогресивните и патриотски идеи за нашата Република Македонија, за нашето Делчево.”
-соопшти Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси