Во врска со оправданиот револт на жителите не село Ѕвегор кои што со месеци немаат вода за пиење во селото, и со намерата овие луѓе своите основни човечки права да ги бараат преку протести, со своја реакција преку социјалните мрежи излезе во јавност Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски. Тој апелира до градоначалникот кој што е нај надлежен по закон за решавање на овој проблем да го свика Локалниот совет за превенција на Општина Дelчево со цел за надминување на проблемот и спречување на понатамошна ескалација на состојбата.
“Лелекот за вода за жителите на село Ѕвегор никако да стигне до надлежните локални институции во Делчево!
Како информација до јавноста, надлежен орган на локалната самоуправа за решавање на проблемот со водоснабдување на домаќинствата во целата општина е Градоначалникот на Општина Делчево.
Наместо да го решава овој проблем Градоначалникот Горан Трајковски, како што дознавам од терен поради непознати за мене причини одбива дури и да сретне со жителите на селото Ѕвегор.
За апсурдот да биде целосен и од СДСМ во Делчево кои што ги имаат под своја контрола сите локални институции некако да излезат да се соочат со овој проблем за кој што имаа можност да го решаваат во изминатите 8 години…
ВМРО-ДПМНЕ и јас како Координатор на Советничка група на Вмро-Дпмне Делчево во Делчевскиот совет со години реагираме за решавање на овој проблем, но нашите апели никако да допрат до градоначалникот.
Како Претседател на ВМРО ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО го поддржувам правото на протест на жителите на село Ѕвегор за остварување на нивното основно човеково право за живот преку обезбедување на квалитетна вода за пиење. Протестот е уставна категорија и граѓаните на село Ѕвегор имаат право на искажување на својот револт на Законски утврден начин, без да ги нарушуваат правата на останатите граѓани во државата.
Апелираме до градоначалникот на Општина Делчево да го свика Локалниот Совет за Превенција со цел за надминување на проблемот и спречување на дополнителна ескалација на состојбата.
Воедно и апелираме до МВР и надлежните градежни инспектори да извршат увид врз градежната документација со која што се реализираше проектот за водоснабдување на село Ѕвегор изминатите неколку години а со кој се одзеде од владение селскиот водовод кој што жителите на село Ѕвегор претходно го имаа.
Жителите на село Ѕвегор заслужуваат да бидат сослушани, а проблемот со водоснабдувањето мора да биде решен во најкус можен рок, затоа што станува збор за егзистенцијално прашање на луѓе и човечко достоинство,”
-стои во реакцијата на Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски упатена до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево