Денеска на своја прес конференција во јавноста говореше Иван Јорданов, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип. Тој упати силни пораки во врска со владеењето на парламентарното мнозинство чие што време заврши вчера со распуштањето на собранието.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот од неговата прес конференција:
“Ова е почеток на крајот!
Рекет дружината која беснееше во секоја област, која народот го исели и остави на питачки стап – почна да го губи тлото под нозете.
Времето на криминалните структури кои силуваа една држава, нација и закони заврши!
За се ќе им суди судот на народот со пресуда која ќе значи бришење од политичката сцена.
Овие три години ќе останат запаметени и запишани на најтемните страни на македонската историја, по изнесените милиони во торба, по корумпирани и разрушени институции, шверцерско усвојување на закони, по неправдата нанесена на еден библиски народ.
Почитувани сограѓани, СДС и јавачите на криминалот се минато во Република Македонија. Обновата е новата светла реалност. Бидете дел од неа. Ве повикувам заеднички да го донесеме новото добро за идните генерации.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати