БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДИК го донесе Решението за распишување и Роковникот за предвремени избори. Листите на кандидати за пратеници ќе се знаат до 12 март

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На синоќешната седница на Државната изборна комисија по распуштањето на парламентот беше донесено Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието при шпто беше усвоен и Роковникот за предвремените избори за пратеници.

Според Решението на ДИК изборите ќе се одржат во недела на 12-ти Април а роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на Решението во Службен Весник на Република Македонија.

Донесеното Решение се должни да го спроведат членовите на ДИК, Општинските изборни комисии, избирачките одбори и избирачките одбори за гласање во дипломатско- конзуларните претставништва на Република МАкедонија, односно конзуларните канцеларии.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според Роковникот ДИК се должни во рок од 3 дена да достават Барање за доставување на податоци од МИОА за вработените во администрацијата најдоцна до 19-ти февруари а МИОА одговорот треба да го достави до ДИК најдоцна до 24-ти февруари по што же следува формирање на општинските изборни комисии најдоцна до 29.02.2020 година.

Потоа ќе следуваат формирањето на избирачките одбори во кои ќе треба да влезат предлозите на политичките партии за членови и заменик членови во ИО. Предлозите за членови и заменик членови нод политичките партии во ИО треба да бидат доставени најдоцна до 06.03.2020 година.

Јавниот увид на Избирачкиот список од страна на граѓаните ќе биде отворен на 26 февруари а ќе трае до 11 март до 24.00 часот во кој што период граѓаните же можат да вршат дополнување, запишување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Поднесување на листа на кандидати од страна на граѓаните ќе се врши со собирање на потписи пред службените лица на ДИК и пред надлежен нотар на образец утврден од ДИК. Собирањето на потписи пред ДИК за предлагање на листа за кандидати започнува десеетиот ден од денот на распишување на изборите т.е. 26 февруари и трае десет денови се до 06 март до 24 часот.

Избори и гласање според постојните закони и правилници ќе се одрѓат и о казнено-поправните установи и во дипломатско-конзуларните претставништва (ДПК/КК)

Листите на кандидати за пратеници во Собранието, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна до 24 часот на 12-ти март 2020 година.

Интегрално Роковникот за изборите е достапен на сајтот на ДИК тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace