БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Мој ДДВ”- апликацијата на Нина Групер доделува некому по две награди некому ни една

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во емисијата “КОД” на Снежана Лупевска која се емитуваше вчера во вечерниот термин на телевизијата беа соопштени анализи на новинарката кои говорат дека поедини граѓани успеале по два пати да добијат од наградите во наградната игра на Министерството за финансии преку мерката “МОЈ ДДВ”.

Електронскиот софтвер кој според информациите во јавноста пласирани лично од Министерката за финансии Нина Ангеловска со кој граѓаните скенираат фискални сметки по случаен избор би требало да доделува награди од квантумот на скенирани фискални сметки.

Но според истражувањето направено од екипата на емисијата “КОД” дури девет граѓани во последните два месеци успеале по два пати да добијат парична награда доделена од софтверот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оттука во јавноста се поставува прашањето која е веројатноста за тоа да се случи имајки во предвид дека се скенираат милиони сметки од страна на стотици илјади граѓани?

И логично на оваа дилема се поставува прашањето дали навистина станува збор за среќа или има некоја грешка во кодот на софтверот?

Креирано од:


Пренеси го гласот