БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изгоре целосно Црквата “Св. Атанасиј Михаил” во селото Нов Истевник во вчерашниот пожар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден и огромниот пожар кој што ја зафати територијата на селото Нов Истевник, во попладневните часови изгоре Црквата Св. Атанасиј Михаил во ова село.

Црквата беше започната да се гради во 1919 година а нејзината изградба завршила 1931 година. Градена од природни материјали таа беше лесен плен за пакосните огнени јазици кои во налет го проголтаа овој верски сакрален објект.

Недоволната координација и спориот одговор на менаџментот за справување со пожарот е причина овој Православен Христијански објект да остане незаштитен иако за негова заштита не биле потребни големи ресурси затоа што црквата се наоѓаше на чистинка опкружена само со сува трева.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За среќа тремот од црквата беше заштитен од страна на бугарските пожарникари и неколкумина мештани од селото.

Во продолжение пренесуваме неколку фотографии позајмени од порталот Дестинација Делчево од надворешноста и внатрешноста на Црквата Св. Атанасиј со надеж и верба дека истата многи наскоро ќе биде возобновена на постојните темели.

Креирано од:


Пренеси го гласот