БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Повторно откажана Меѓународната манифестација “Голачки фолклорни средби”. Дали треба да се размислува за алтернативни начини за спроведување на истата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И оваа година како по традиција нема да се одржи Меѓународната манифестација “Голачки Фолклорни средби”.

После минатогодишното откажување на манифестацијата поради пандемијата од Ковид-19 оваа година овој уникатен културен спектакл е откажан поради забраната за движење во планина заради превенција од појава на пожари.

Од кабинетот на Градоначалникот на Општина Делчево кој што е покровител на настанот упатија соопштение до јавноста во кое се вели:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Поради актуелната состојба со пожарите на територијата на Делчево, целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште и прогласената кризна состојба поради пожарите, Меѓународниот фолклорен фестивал „Голачки фолклорни средби 2021“ кој традиционално се одржува на планината Голак на врвот Чавка, вечерта на 8 август спроти верскиот празник св. Пантелејмон, нема да се одржи.Организаторите на манифестацијата, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево и Општина Делчево порачуваат дека алармантната ситуација со пожарите во Делчевско наметнува ваква одлука, а имајќи го предвид фактот дека животот на граѓаните и безбедноста на нивниот имот се над сè, сите ресурси во моментов се ставени на располагање во борбата со огнената стихија. Предвидената културно-уметничка програма во рамките на Фестивалот, ќе се одржи наредниот период.”

Во вакви променливи и крајно проблематични услови за реализација на манифестацијата со најдолга традиција во општината но и пошироко во регионот, се наметнува прашањето за нејзино адаптирање на постојните услови за нејзина реализација.

Дали е тоа возможно?

Духот на Голачки Фолклорни средби може да продолжи да живее и во вакви вонредни услови низ иновативни мултимедијални решенија, со користење на модерните трендови на комуникација и визуелизација, духот на Голачките фолклорни средби е можно да се приспособи за публика во денешни времиња, следејки ги модерните сценско-изведувачки практики апсолутно зачувувајки ја традицијата за да допре до својата публика.

Не смее како резултат на нечија неподготвеност за иновации и работа во областа на културата и традицијата согласно актуелните услови за раббота да биде оправдување за овој и редица други културни манифестации и настани од огромно значење за граѓаните на Делчево и пошироко да паднат во заборав!

Креирано од:


Пренеси го гласот