БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Излезе 5-тиот студиски албум на Бернајс Пропаганда: “Втора младост, трета светска војна”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во јавност излезе новиот последен петти студиски албум на Македонскиот андерграунд бенд Бернајс Пропаганда.

“Втора младост, трета светска војна” е насловот на лонгплејката која во себе го содржи белегот на едно дамнешно време, спакуван во современ контекст. Сместена специјално за “братот на младожењата и свекорот на невестата” во Македонија во 2019-то лето Господово на оваа ветрометина наречена Балкан.

Панкерската енергија и наратив на албумот причинуваат повеќе од совршена подлога за ова музичко издание во оскудната Македонска година на несоздавање музика. Диско елементите и психоделичните хармонии даваат свој уметнички гламурозен шмек кој за оние средовечните момци ид девојко-Македонци е како блед спомен од пред 30 и повеќе години.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Некој би рекол: Па кому му е дојдено до музика во оваа наша секојдневна општествена мизерија која ја живееме?

МНОГУ ПОГРЕШНО ПРАШАЊЕ!

Јас би рекол: Зошто не се прават уште вакви музички изданија кои на свој сопствен начин ќе сведочат за ова време-невреме на голгота на Македонското преживување?

“Ретки билки” убаво го најавува “раѓањето” на албумот. Со видео илустрацијата која беше објавена пред неколку денови како претходница на овој албум, говори доволно за атмосферата присутна на целиот албум.

“Дај” е збор од автохтоно потекло со дијалектичко значење за мнозинството граѓани на оваа наша непрокопсаност. Со “доаѓањето на животот” многумина “испоумреа” раководени токму од ваквата автохтона мисла и суштинско значење на овој збор “дај”.

Мантрата која е присутна низ дувачкиот хвалоспев на оваа филозофија и подготвеност за “примање” наместо “давање” се чини премалку жешка за да ја свари горчината на оваа болна вистина која е всадена во оваа музичка реченица: “Дојде живот”.

Елегичноста и Македонската скромност и сталоженост продолжува со песните “Не сме фини еден со друг” и “Мојата Марија”. Овој бележит соицизам на уметничкиот наратив на бендот почнува ненајавено да жари со песната “Вежбаат држава” за да се распламти со наредните песни “Нато влегува во Скопје” и “Ќерка на гладот”, за да влезе во едни потемни води низ текстурата на “Ништо нема да не раздели” и “Злобен фанк”.

На бендот Бернајс пропаганда- “симињање капа”. Не затоа што е како осамено дрво на оваа плодна но опустошена музичка почва, туку затоа што знаат како да направат добро музичко дело.

За нашите читатели една топла порака да го преслушаат албумот и да го поддржат неговото издание со дел од своите со мака заработени пари преку бендкамп сервисот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace