Различни екипи на вработени во Јавното претпријатие “Стипион” Штип во текот на вчерашниот ден работеа на повеќе работни локации низ градот Штип.
Станува збор за уредување на нови тротоара, санација на постојни сообраќајни знаци, партерно уредување на јавни површини како и поставување на метални столбчиња за обезбедување на слободен проток на пешаци на тротоарите.
“Дневни активности на Стипион 18.08.2022
Изработен нов тротоар на улица Борко Талев
Санација на оштетени сообраќајни знаци
Редење на коцка во паркот во населба Дузлак
Подготовка за изведба на нов тротоар на улицата Маршал Тито
Поставени метални столбчиња до зградата Промаја”
-информираат во јавност од Јавното претпријатие “Стипион” Штип.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски