БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кај е сега машинеријата за манипулации и одбрана на Зоран Заев? Глумат збунка или? Кај е датумот за кој што толку многу пати излажа?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Едно нешто не е јасно помеѓу противниците на актуелното владеење на Зоран Заев, Али Ахмети и СДСМ и ДУИ во Република Македонија: Како е можно луѓето кои гласаа за Зоран Заев да дојде на власт се уште да му веруваат на овој човек? Или во прашање се подлабоки и посуштински состојби во државата кои што на крај на избори резултираат со глас повеќе за Зоран Заев и актуелните власти?

Како е можно после најголемата лага во Македонската современа иа можеби и постара историја дека Зоран Заев нема да го менува уставот и името на државата, повторно гласачи од Македонскиот електорат да гласаат за Зоран Заев и неговите неколкумина истомисленици околу него да останата на власт во државата?

Како е можно кога и покрај промената на името на брутален и противзаконски начин со цел за влез во ЕУ, и упорното игнорирање на ЕУ на Македонските евроинтегративни желби по недобивањето на почетокот на преговори, Зоран Заев се уште да опстојува на власт во државата?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овие прашања заслужуваат одговор во наредниот период, а за лагите и измамите на Зоран Заев со кои што се одржува на власт веќе 4 години од центрите за ПР манипулации и одбрана на Зоран Заев во јавноста веројатно на по падот на влата ќе добиеме одговор, затоа што тие останаа последниот бастион каде се брани ликот и делото на Зоран Заев.

За да не останат заборавени сите лаги на Зоран Заев во врска со добивањето т.е. недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ, на своја прес конференција, Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ повторно истите ги реафирмираше во јавност.

“Заев вети – Заев излажа. Три години празни ветувања дека сме го добиле датумот и дека отпочнуваме преговори со Европската унија, три години разочарувања за граѓаните.

Уште пред три години, Заев вети дека ќе си поднесе оставка доколку не почнеме преговори со ЕУ. Поминаа три полни години од сликата во авионот со која Заев не убедуваше дека веќе преговараме со ЕУ. Денес се случи она за што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот за преговори со Европската унија е недостижен додека е Заев на власт. За жал Македонија останува и пред портите на ЕУ, и национално понижена. Има и две лоши тенденции. Едната е дека Заев крие што предлагал за македонскиот јазик и историја додека коленичел во Софија. Никој не знае кое е новото национално понижување на кое тој е подготвен да се согласи. Заев на овој начин трајно ги минира позициите на Македонија. И второто е што никој во македонската дипломатија не лобира за Македонија. Македонија овие денови требаше да има претставници во европските метрополи. Да бараат поддршка од сите европски лидери. Затоа што ние имаме европски пријатели, но со нив никој не комуницира. Но, европска поддршка за владина корупција не постои и не може да се бара.

Тој додава дека заради Заев довербата на граѓаните во политиката е на историскиот минимум. И доколку Заев не е подготвен за оставка – граѓаните се подготвени да му го покажат излезот.

Време е за промени. Нашата иднина е економски развиена држава членка на Европската Унија и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да лобира Македонија да го добие своето заслужено место помеѓу партнерите од Европската унија. Наша обврска е да се избориме заслужено преку реформи и стандарди да бидеме земја членка на ЕУ. Но, тоа да го направиме како македонци од Македонија кои зборуваат македонски јазик. Без загрозување на виталните национални интереси. Македонија за сите луѓе, а не само за претставниците на власта, “

-истакна Андоновски од прес салата ан опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace