“Се надевам дека веќе на следниот самит, кон иницијативата Отворен Балкан ќе се приклучат Босна и Херцеговина и Црна Гора. Колку повеќе не има, толку поголеми придобивки за граѓаните и на нашите земји. #ОтворенБалкан е проект за развој и стабилност на регионот и драго ми е што се повеќе држави тоа го препознаваат.
На билатерални средби разговарав со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија. На средбите ги потенцирав придобивките и можностите од нивното вклучување во иницијативата, но и кратко поразговаравме за актуелните политички прашања и односите помеѓу нашите земји. Ми беше голема чест што утрово на самитот ни се придружи и амбасадорот Кристофер Хил кој е искрен поддржувач за евроинтеграција на целиот Западен Балкан.”
-соопштение на премиерот Димитар Ковачевски упатено во јавност


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија