БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Како што најави делчевскиот градоначалник, во полн ек се спроведува кампањата за чистење на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако пред неколку денови градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на своја прес конференција ја најави кампањата “СЕ БОРИМЕ ЗА ПОЧИСТ ДОМ: ДЕЛЧЕВО СО НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ОТПАД”, на голем број локации низ градот Делчево веќе се спроведуваат интензивни оперативни зафати со расположива механизација

Со расчистување отпадоци и диворастечки растенија на потегот под бул „Македонија“ кај станбените згради во Делчево, започна реализацијата на Кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“.

Екипи на ЈКП „Брегалница“ со помош на механизација го расчистуваа теренот кој беше доста запуштен и даваше грда слика на транзитниот булевар и во делот од градот каде се сместени голем број јавни институции, а има и голема фреквенција на возила и граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот Гоцевски кој е иницијатор на Кампањата, направи увид во текот на почетните работи. Истакнувајќи го значењето на акцијата, посочи дека како градоначалник, лично ќе ја надгледува реализацијата на кампањата.

-Оваа кампања ја спроведуваме врз основа на итната и неодложна потреба да се исчистат депониите коишто веќе подолг период наназад гледаме дека се присутни низ цела Општина Длечево, а за кои граѓаните на Делчево и, речиси, сите населени места со право реагираат, нагласи Гоцевски.

Акцијата за расчистување од диворастечки растенија и отпад ќе продолжи на јавните површини по должината на целиот булевар, тротоарите до Агенцијата за вработување, но и до бензиската пумпа на излезот кон Берово. Воедно, се апелира до граѓаните кои се сопственици на имот покрај тротоарите на транзитниот булевар да ги отстранат диворастечките растенија и сувите дрва, бидејќи тие не само што го отежнуваат движењето по тротоарите, претставуваат и опасност за пешаците.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace