Преку социјалните мрежи кандидатката за советник од редовите на СДСМ во Македонска Каменица од последните локални избори си го бара ветеното вработување од локалните власти.
Таа притоа спомнува дека сите останати кандидати кои се сликале заедно со неа за потребите на кампањата во 2017 година биле згрижени со добра егзистенција, додека таа се уште не добила одговор од Градоначалничката Соња Стаменкова и од општинскиот совет за нејзиното вработување.
Снежана Јанѓеловска која била на 10 место од листата на кандидати за општински советник во Советот во Македонска Каменица во нејзината објава на фејсбук напоменува дека нејзиното семејство биле активисти и членови од 1996 година.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев