Во среда 24.09.2025 година во кино салата во Делчево ќе се одржи проекција на филмот “Изолација” во режија на Марко Баковиќ
Станува збор за психолошка драма во која Јован (Милош Биковиќ) е млад биолог кој добива добро платена работа во научна станица сместена длабоко во шумата. Во почеток осаменоста му изгледа како идеално бегство од цивилизацијата, но набргу почнуваат да го вознемируваат необјасниви случки. Како што поминува времето, Јован станува свесен дека не е сам…
Почетокот на кино проекцијата е закажана за 18:00 часот а влезот чини 150 денари.
Времетраење: 1 час и 22 минути
Категорија: +12
КАРТИ:
Во предпродажба: простории на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево
Секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот
На билетарата на Кино сала Делчево пред проекцијата


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Етнокуќата во Кочани – изложба на рачни изработки со ткаење
44 годишна жена од Берово нападнала своја сограѓанка во нејзиниот дом
Тројца жители на с. Црник, пехчевско со трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во шумското подрачно стопанство “Равна Река”