БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кирчо Анастасов: Македонија е подготвена за одлепување од дното

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција од партиското седиште ги исцрта фундаментите на идните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за воведување на ред и поредок на општествениот систем во државата.

По повеќегодишното уништување на правниот систем во Република Македонија, како и катастрофалната доверба на Македонските граѓани во институциите на државата наметната со високото ниво на корупција, сите очекувања на домашната но и европска јавност одат во насока на возобновување на правниот и правичен систем.

Оттука следуваат и декларативните определби на Зоран Заев кој познавајќи ги ваквите очекувања, сака да се додвори на гласачкиот електорат на претстојните Предвремени парламентарни избори, во неговиот добро познат стил на лажење и измами за се и сешто. Истовремено со предлагање на дефектен закон за јавно обвинителство пред Македонското собрание сака да се заштити себеси и својата партиска болумента од можни идни процеси на државата против злоделата кои ги наметнаа тој како власт врз Македонските граѓани.

Краткогледоста на Зоран Заев во неговите обиди да создаде времено и неодржливо решение преку донесување на нов закон за јавно обвинителство, набрзина и во предизборен период а без сеопфатна анализа и аргументација пред граѓаните, говори само во прилог на неговата нервоза и немоќ да одолее на хаосот кој што го создаде. Напорите на Зоран Заев да ги легализира своите постапки од изминатите речиси три години практикување хаос и безредие со масовен грабеж на државниот буџет во коруптивни цели, по малку наликуваат на времето на легализацијата на криминалната приватизација на Бранко Црвенковски со таа разлика што сега во случајот на Зоран Заев станува збор за поширок обем на проневера на државни пари, моќ и влијание во интерес единствено на врхушката на СДСМ.

Бенигноста и неукоста на моменталната политичка елита на СДСМ зачаурена околу Зоран Заев се толку големи што нема кој да ја воочи реалната состојба во Македонското политичко милје дека времето на бандитизмот во државата е завршено и доаѓа време на право и правдина- нешта од кои нема бегање за оние кои се имаат огрешено кон законот и нешто што Македонските граѓани одамна го заслужуваат.

Вистинското дно на Македонската политичка сцена е допрено а нагоре не може да води човек кој што со целиот свој габарит удри од дното со тресок кој крена огромна прашина. Оттука потекнува и причината на ефектот што на заевци им се чини блескање а впрочем е отпор на постигнатото дно наспроти нивниот забрзан пад.

Токму во таа насока оди и моменталниот молк на странските фактори кои што во изминатите 3-4 години беа манипулирани од Зоран Заев дека тој и неговите компањони можат да спроведат правда во државата согласно гласните и за жал празни пароли од типот:

“Нема правда нема мир”.

Мирот фала Богу како народ го одржавме. Народот не подлегна на провокациите во изминатите 4-5 години наметнат од корумпираните политички елити и остана верен на големината на своето име и постоење. Спорадичните примери на хаос, насилства и безредие останаа зад нас и не успеаа да предизвикаат поголеми проблеми кои одеа единствено во насока на штета на Македонските национални интереси.

Македонскиот народ и неговата исконска мудрост го положија тестот на времето. Пораката во форма на силен став и визија е упатена:

-Македонскиот народ постоел и ќе опстои.

Следува период на возобновување на основните темелни вредности на кои се заснова Македонската држава, овојпат како модерна европска држава со своја политичка зрелост, знаење и силна визија за иднината.

Првиот скалник на ова Македонско искачување е најважен и се состои токму од принципите кои може да се воочат во 9-те точки кои што денеска на својата прес конференција ги истакна Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги спомна уставните вредности како основен постулат на законитоста и воспоставување на општествените норми на односи во Македонската држава.

Без следење на пишани правила кои се однесуваат на сите граѓани без разлика на нивните позиции и функции, хаосот и безредието е пандан и опција преку која ќе се самоуништиме како народ.

И да! Тие правила може и мора да се менуваат, но со поширок и транспарентен начин и пракса која подразбира демократичност и правичност.

Ваквиот чекор по чекор пристап, изразен во почитување на уставните норми и враќање на довербата на граѓаните кон највисокиот државен акт кој ја карактеризира нашата држава со силен фокус кон единствената цел за опстојување на Македонскиот народ, со силни и храбри принципи може да ги сврти работите во државата во функција на возобновување на Македонската државност која моментално е клекната на колена.

Да, за тоа е потребно време, на подолг рок, но и секој краткорочен нареден чекор е особено важен во градењето на одржливоста на неопходното општествено заедништво и доверба помеѓу националното Македонско ткиво.

Се надвор од законските норми е пораз на демократијата за која сите сме сложни дека е во опаѓање со актуелната власт.

Импровизациите, матните демагошки понуди на самопрогласени водачи кои играат на картата за разгорување на ниски национални страсти, како и политикантските обиди на поединци да внесат раздор во Македонското национално ткиво се пред својот последен тест на оправдано постоење кога во оваа наша држава е потребно движење нагоре од бунарското дно во кое се најдовме во изминатиот период.

Предвидливоста на општествените процеси е потребна со чесен и искрен пристап пред граѓаните кои се доведени под работ на толеранција на нормален и достоинствен човечки живот во Македонија во 21 век.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот