БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Клетници“ во продукција на прилепскиот театар, освои Гран при на 53.МТФ „Војдан Чернодрински“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Прилеп, со доделување на наградите, се спушти завесата на годинешниот 53. МТФ „Војдан Чернодрински“.

Претставата „Клетници“ на прилепскиот театар е добитник на највисоката награда Гран при, за најдобра претстава во целина.

Освен оваа награда прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ освои и три други награди: Ангела Наумоска е добитник на наградата за најдобра женска улога, групата „Фолтин“ ја имаше најдобрата музика, а Горјан Милошевски ја освои наградата за современа сценска драматизација, за драматизацијата на романот „Клетници“ од Виктор Иго. Четири награди заслужено ги доби НУ Македонски народен театар – Скопје за претставата „Ничија земја“, Сашко Коцев ја имаше најдобрата машка улога, Горазд Цветковски најдобрата машка епизодна улога, Александар Михајловски е најдобар млад актер, додека Валентин Светозарев и Никола Тороманов ја добија наградата за најдобра сценографија, а наградата за најдобра женска епизодна улога жирито ѝ ја додели на Наташа Петровиќ „Крал Лир“, претставата на НУ Турски театар – Скопје, се закити со три признанија: Диего Де Бреа е најдобар режисер, Ебру Мусли најдобра млада актерка, а претставата ја доби и специјалната награда за современ актерски израз и иновативен пристап кон светската класика.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Уметничката директорка, Катарина Коцевска најави дека од следната година Собранието на фестивалот со поддршка на Општина Прилеп, ќе воведе и награда од публиката. „Наградата ќе биде парична. На секоја карта ќе има можност да ја оценувате претставата со оценки од 1 до 5, а потоа картата ќе ја ставите во кутиите што ќе бидат ставени во фоајето на центарот за култура.

Така освен жири комисијата и вие -почитувана публико ќе ја дадете својата оценка за квалитетот на претставите“, најави Коцевска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace