БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

КОЈ САКА ДА ГО СОКРИЕ ГЕНОЦИДОТ НАД МАКЕДОНЦИ ВО ЈУЖНА (БЕЛОМОРСКА) МАКЕДОНИЈА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Егзодус во родната татковина Македонија

,,Во периодот меѓу 1913 и 1926 година од древните огништа во окупирана Јужна Македонија беа изгонети над еден милион и двесте илјади Македонци”.

Во својата статија ,,АНТИЧКА ХЕЛАДА” АКАДЕМСКА ФИКЦИЈА -грчката и западната историографија градени врз фалсификати и манипулации – меѓу другото д-р Петар Поповски пишува:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

,,Во балканската антимакедонска војна, гонејќи ја бугарската војска, Грците систематски ги палеле до темел македонските села, вршејќи притоа и масовни убиства и депортации. Немало населено место каде што не биле вршени грабежи, палежи и колежи. Кога грчката окупаторска војска влегла во Кукуш и кога ги зазела селата околу градот, над 400 стари луѓе, жени и деца биле затворени во домот за старци, и таму биле малтратирани, а потоа ликвидирани на ѕверски начин. Со однапред подготвен список, во градот прво биле уапсени, а потоа убиени неколку десетици истакнати Македонци. Во овој дел од Јужна Македонија специјално за тоа обучена единица, припадници од злогласната терористичка воено-политичка организација позната под името Андарти, составени од професионални колјачи и убијци, опожариле над 40 села. Во селото Аканијци се собрале 4.000 бегалци од Кукушко, од кои повеќе од половината биле ѕверски заклани на грозоморен начин и нивните трупови расфлани по полето. Тоа се случило на 6 јули 1913година. Тогаш една грчка единица влегла во селото и, наспроти тоа што биле пречекани со бели знамиња, селото било запалено, а меѓу бегалците бил извршен невиден колеж. Притоа биле убиени 356 мажи и уште толку жени и деца”.

Од ова се гледа како се однесувале новите окупатори на Македонија, кои и денес со своите слуги (квислинзи) кои седат во фотелјите во окупирана Република Македонија спроведуваат невиден ГЕНОЦИД над мојот народ уништувајќи се што е Македонско…

Мојот народ издржал многу премрежја ќе го издржи и ова и ќе воскресне како што воскресна нашиот единствен бог Христос кој ќе ни помогне да се спасиме од злото што не снајде во овие тешки денови…
Да живее мојот Македонски народ и Македонја…
Бог да не чува и брани од сето зло што се надвиснало над нас Македонците…

Извор:
Д-р Петар Поповски – ,, АНТИЧКА ХЕЛАДА’ АКАДЕМСКА ФИКЦИЈА грчката и западната историографија градени врз фалсификати и манипулации

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М.🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Превземено од: По патот на Македонската историjа

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace