Кандидатот за градоначалник за Делчево од ВМРО-ДПМНЕ во 2021 година Д-р Николчо Стојменовски после 4 години притисоци, закани и лични дискредитации мотивирани од политички неистомисленици, конечно успеа да се избори за правдата и вистината да излезе на виделина.
Јавноста во Делчево беше шокирана од кривичната пријава која МВР ја поднесе во 2021 година само на ден пред избори на тогашниот кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Д- р Николчо Стојменовски.
Д-рот Стојменовски после 4 години мачна битка со лавиринтите кои му ги наметнаат структури во МВР, Јавното обвинителство и судство, кога целосна власт во државата ја имаа СДСМ и ДУИ со цел за негова политичка дискредитација, излезе со свое соопштение во јавноста со кое ја објави конечната одлука дека се ослободува од било каква одговорност, но остана срамот и злоделото кое што му беа направени од страна на државните институции и беше извршено влијание во јавноста за негова политичка дискредитација..
Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на соопштенито на Д-р Николчо Стојменовски во кој тој дава свој став за се што му зготвија пред 4 години во кујните на СДСМ:
“Почитувани следбеници,подражувачи,почитувана јавност
Како што вели народната поговорка: „Правдата е бавна, но стигнува.“
По тешки четири години, исполнети со неправди, закани, уцени, притисоци, судски и обвинителски лавиринти, како и огромни финансиски трошоци, 26 рочишта и враќање на случајот на повторно судење со позитивен исход за мене,и жалба пртив одлуката во апелација, конечно се докажа дека монтираниот случај за наводен поткуп, за кој постојано тврдевме дека е исцениран со цел да се оцрни политички противник и да се влијае врз изборниот резултат и беше режиран за да нанесе штета ,нема основа.
Конечно после толку години поради апсурдноста на случајот сум ослободен од одговорнст.
Креаторите на овој случај, во својата желба да постигнат цел, не се двоумеа да злоупотребат лица со ограничени способности од траен карактер и посебни дијагнози, не бирајќи средства за остварување на своите намери. Иако имињата на режисерите ни се познати, повеќе пати истакнавме дека не коментираме евтини луѓе и нелегални постапки на институции. Ние нема да го судиме МВР, туку ќе поднесеме лични тужби против неколку непрофесионални лица во Мвр.
Во наредниот период следуваат тужби против овие ефтини професионални аматери од МВР, како и против одредени портали, вклучително и локални, кои објавуваа невистини. Со тоа ми го нарушија угледот и честа, влијаејќи врз изборниот резултат. Политичката култура мора да се издигне на повисоко ниво. Оние што се занимаваат со евтини игри за нанесување штета немаат место во оваа модерното општество.
На оние што сега бегаат и не се кандидираат им порачувам: Храбри сте кога е лесно и кога мислите дека можете да победите, но каде е вашата храброст сега? Всушност, вие сте обични кукавици што заминуваат и ќе бидат заборавени, упатувајќи се во политичка пензија. Ова е порака што голем дел од вашите поддржувачи сакаат да ви ја пренесат, но се плашат да го сторат нели сте ,,храбри”.
Овој случај е срам за МВР, обвинителството и судството од тој период. Тоа е причината зошто довербата во овие институции е на ниско ниво.
П.С. До професионалните аматери: имате можност во рок од 10 дена јавно да се извините. Во спротивно, ќе се соочите со тужби и ќе седнете на обвинителна клупа.”
-напиша на социјалните мрежи Д-р Николчо Стојменовски.
После ваквиот расплет на настаните, во јавноста се наметнува прашањето на кого му одговараше Д-р Николчо Стојменовски да биде дискредитиран на само ден пред изборите во 2021 во кои тј беше кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ?
Кој политички профитираше пред 4 години од ваквото злодело кое му беше наметнато на Д-р Николчо Стојменовски од страна на официјалните државни органи и 4 години мораше да се дави во бедата на македонскиот обвинителско-судски систем?
Дали некој ќе одговара за ваквото злодело???
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Завршно обраќање во јавноста на Јорданчо Костадинов- кандидат за градоначалник за општина Чешиново- Облешево од ВМРО-ДПМНЕ
Нов скандал нa повидок во безбедносните структури: Дали началник на АНБ во Делчево бил познат лихвар?
Креирање ефективни земјоделски политики со проектот AgriExcel од програмата Interreg Europe