Од 16 октомври 2025 година започнува реконструкција на дел од терасата од источната страна на Трговскиот центар, со која ќе бидат поставени гранитни на местото на постојните обични плочки.
Избраниот изведувач „Исток мермер“ од Подлог, ќе работи на потег кој претходно не бил опфатен со реконструкцијата на плочникот во Трговскиот центар. На овој зафат му претходеше фарбање и поставување ограда од страна на Општина Кочани.
За реконструкција на дел од терасата во Трговскиот центар се наменети 1.907.381 денар, средства од Буџетот на Општина Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово