БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кочо Анѓушев најави поскапување на струјата

Пренеси го гласот

Вицепремиерот Кочо Анѓушев во владата на Зоран Заев во синоќешното гостување во емисија на национална телевизија соопшти дека очекува поскапување на струјата за граѓаните на Македонија.

Јасно е дека македонските граѓани ќе ја делат судбината на енергија во цел свет. Никој не може да влијае на цената на нафтата така и да ќе плаќаме нафтени деривати како што плаќа цел свет. Истото тоа и со електричната енергија,

-изјави Анѓушев и покрај ветувањата на Зоран Заев и СДСМ во предизборниот период во 2016 година дека ќе го намалат износот на сметките за струја.

Анѓушев во обид да се оправда образложи дека владата се обидела да изнајде модел во кој што ќе се задоволат од една страна критериуми за либерализација на пазарот на ЕУ, а од друга страна да се заштитат граѓани со домашно производство на електрична енергија. И така се воведува универзалниот снабдувач како нов модел во државата.

од Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ со соопштение до јавноста реагираа дека преку квази либерализација владата се обидува на измамнички начин да се оправдаат пред граѓаните за ваквата состојба.

Во продолжение во целост го пренесуваме нивното соопштение:

„Анѓушев во обид да се оправда образложи дека владата се обидела да изнајде модел во кој што ќе се задоволат од една страна критериуми за либерализација на пазарот на ЕУ, а од друга страна да се заштитат граѓани со домашно производство на електрична енергија. И така се воведува универзалниот снабдувач како нов модел во државата.“

На вчерашото гостување Анѓушев заборави да каже дека Универзалниот снабдувач кој во моментов е ЕВН ХОМЕ е регулиран снабдувач, што значи дека Македонија има само квази либерализација на пазарот со електрична енергија.

Цените на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи вештачки се одржуваат на ова ниво само поради следното:

Државната компанија АД ЕСМ ја продава својата енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ по цена од 34,5 евра/MWh, што е далеку од рентабилно работење и покривање на трошоците преку цената. Доколку оваа енергија се продадеше по пазарни цени на берзата на електрична енергија АД ЕСМ ќе заработеше 86 милиони евра повеќе. Имено, минатогодишното производство на АД ЕСМ било околу 4.300.000 MWh, при што ако 80 % од тоа производство се продало по 34,5 евра/MWh и ако се знае дека берзанската цена во моментот се движи околу 60 евра/MWh, тогаш разликата од околу 25 евра/MWh заради поевтината продажба на АД ЕСМ и носи загуба од околу 86 милиони евра.

Анѓушев синоќа го премолчи најважното:
Оваа Влада свесно ја носи Државната компанија АД ЕСМ во загуба за да го купи социјалниот мир, но и за да овозможи профит на странски компании. Ваквата небулоза не може да трае вечно, кога тогаш ќе пукне како меур од сауница. Токму на ова мислеше Анѓушев, на лагите со кои 3 години ја замајуваат јавноста дека се шампиони и дека блескаат!!!

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија кога ќе дојде на власт нема да дозволи природните и домашните ресурси на јаглен и вода во Државната компанија АД ЕСМ да се трошат работејќи на криминален начин.

Обновата за Македонија доаѓа!”

Креирано од:


Пренеси го гласот