БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Колективен договор за вработените во Управата за хидрометеоролошки работи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 27 март 2026 година, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и репрезентативните синдикати потпишаа Колективен договор со кој се унапредуваат правата, условите за работа и социјалната сигурност на вработените во институцијата.

Од страна на работодавачот, договорот го потпиша директорот на УХМР, Игор Лазаровски, додека од страна на синдикалните организации учествуваа:

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), претставувана од претседателот Благоја Ралповски,
Синдикалната организација на САДУ при УХМР, претставувана од претседателот Горан Басовски,
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски,
Синдикалната организација при УХМР во рамки на УПОЗ, претставувана од претседателот Глигор Милевски.
Со потпишувањето на овој Колективен договор се воспоставува современа рамка за регулирање на работните односи, која обезбедува поголема заштита на правата на вработените, подобрување на условите за работа и унапредување на мотивацијата и професионалниот развој.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Договорот претставува резултат на конструктивен социјален дијалог и заедничка заложба за создавање стабилна, ефикасна и модерна институција која ќе продолжи да ја исполнува својата клучна улога во обезбедување навремени и точни хидрометеоролошки информации за граѓаните и институциите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace