Освежување во македонското Собрание по локалните избори. Пет пратенички фотељи чекаат нови сопственици откако исто толку пратеници, добија градоначалнички функции во првиот круг од локалните избори.
Петре Шилегов од денеска веќе не е пратеник туку градоначалник на Скопје. Пратеничката функција им престанува и на Стефан Богоев, Максим Димитриевски, Коста Јанев и Сашо Поцков, сите од редовите на СДСМ.
На нивно место најверојатно пратеници ќе станат Татјана Лалческа од Тетово, Анета Симеска од Македонски Брод, Лилјана Тасевска од Куманово, Ристо Ташев од Неготино и струмичанецот Костадин Костадинов.
По вториот круг од локалните избори можно е зголемување на бројката на пратеници кои ќе заминат во локалната власт.
Во трка за градоначалник се уште се пратениците Јохан Тарчуловски. Благој Бочварски, Курто Дудуш, Бетиан Китев, Зијадин Села и Зеќирија Ибрахими.
Ова е втора тура освежување во Собранието откако шестмина пратеници меѓу кои и премиерот Заев станаа министри и преминаа во извршната власт, а пратениците Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на БЕСА Биљал Касами си поднесоа оставки на пратеничките функции.
За да се констатира престанок на мандатот потребно е Џафери да закаже собраниска седница, која се најавува по вториот круг од изборите.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието