БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Захариев: Привршува изградбата на обиколницата од „Сењак

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип Илчо Захариев соопшти дека привршува изградбата на обиколницата од населбата Сењак до булеварот „Гоце Делчев“.

– Жителите на населбите „Баби“, Сењак“, „Дузлак“ ќе се возат по оваа обиколница  кон индустрсиката зона и обратно, ќе се патува побрзо, ќе се штеди и ќе го растовариме комплетно сообраќајот во населбата „8-ми Ноември, рече Захариев денеска на прес-конференција.

Тој истакна дека напролет продолжува изградбата на обиколницата од населбата Пребег до градската бања „Кежовица“ со што Штип ќе добие современ спа-центар, но и ќе има нов влез и излез кон регионалните патни правци кон Радовиш и Струмица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Имаме уште едно одлично решение – поврзување на населбата „Балканска“ со населбата „Баби“, каде ќе се изгради нов мост на реката Брегалница. Тоа ќе значи целосно и дополнително растоварување на сообраќајот и олеснување на животот на жителите од населбите „Баби“ и „Балканска“, напомена Захариев.

Според него, во наредните четири години претстои уште поголем интензивен развој на градот и на останатите населени места во Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace