БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Доделени уверенијата на градоначалникот и на членовите на Советот на општина Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со доделување на уверенијата на новиот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илијев, и на деветнаесетте членови на Советот на општината, денеска започна мандатот на новоизбраната локална власт.

Врачувајќи им ги уверенијата, претседателката на Општинската изборна комисија – Кочани, Марија Гоцева, истакна дека на Локалните избори 2017 вкупно 20.827 жители со право на глас  им ја дале довербата за раководење на општината во наредните четири години и им посака успешна и конструктивна работа.

– Им честитам на граѓаните и им благодарам што покажаа голем демократски капацитет и на слободни и фер избори јасно ја искажаа својата волја. Тоа покажува дека тие од нас очекуваат резултати. Работењето нема да биде лесно и едноставно бидејќи од она што го видов за време на кампањата знам дека има многу нешта коишто граѓаните очекуваат да бидат направени и поправени, изјави градоначалникот Илијев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сите проблеми, додаде, не можат наеднаш да се решат, но граѓаните ќе ги даваат приоритетите, а ние ќе ги решаваме. – Очекувам коректна соработка со Советот, затоа што ние сме овде да создадеме услови за подобар живот на граѓаните на Кочани. Како градоначалник ќе бидам крајно транспарентен и отворен и подготвен за соработка во секој дел, рече Илијев.

Во наредниот мандат, мнозинството од десет советници во Советот на општина Кочани  ќе го има СДСМ и коалицијата, осум советници се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и еден советник е од независна листа.

Според најавите на општинската администрација, конститутивната седница на Советот на општина Кочани ќе се одржи на почетокот на ноември

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace