Се чини актуелната ситуација со економската состојба во државата завзема драматични правци. Во Штип двајца сопружници испечатиле пари на својот домашан принтер и истите ги пуштиле во оптек.
“Приведени сопружници од Штип, расчистено кривично дело „фалсификување пари“
По преземени мерки и активности Секторот за внатрешни работи Штип расчисти случај на фалсификување пари и од слобода ги лиши сопружниците Б.Ф.(38) и С.Ф.(33), двајцата од Штип. При преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена. Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила.
Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.”
-извадок од дневниот билтен на МВР.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип