БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ иГрадскиот воз

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наредните два дена ќе се одржи Конференција за одржлив транспорт – Traffic for all, во организација на Go Green.

Во четврток,11 јуни, ќе се одржат четири тематски панели и работилници посветени на различни аспекти на одржливата мобилност, со учество на домашни и меѓународни експерти, претставници на институции и граѓански организации. Ќе се дискутира за пешачење, микромобилност (велосипеди, тротинети и сл.), јавен и железнички превоз.

Настанот ќе отвори дискусија за иднината на урбаниот транспорт и можностите за развој на поефикасен, побезбеден и поодржлив транспортен систем во Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во петок,12 јуни, учесниците ќе имаат можност од прва рака да ги искусат различните форми на јавен и активен превоз преку организирано возење со автобус по трасата на БРТ, возење по Рута 2 од најавениот Градски воз и велосипедска тура низ скопската велосипедска инфраструктура.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопјe
ул. Кукушка 4а, 1000 Скопје
info@bidizelen.org | https://www.bidizelen.org/

Конференцијата има за цел да поттикне дијалог, соработка и размена на искуства меѓу сите чинители кои работат кон создавање на поквалитетен и поодржлив транспорт за сите граѓани. Go Green ги поканува сите кои сакаат да присуствуваат на панел дискусиите во четврток во 9:45 во Салата на Совет на Град Скопје (барака 13) или на возењето со БРТ и Градски воз во петок во 9:30 на автобуската постојка во Карпош 4 (пред спортска сала Партизан) / Транспортен центар автобуска станица во 10ч.

За резервација на изнајмен велосипед за петок може да се прати мејл на darkoap@bidizelen.org.

*Проектот е поддржан со грант од Heinrich Böll Stiftung

Креирано од:


Пренеси го гласот