Сопственикот на социјалната мрежа Рамбл (Rumble) Крис Павловски преку социјалните мрежи информираше дека донирал 1 милион денари за Црвениот Крст на Република Македонија за помош на семејствата на постраданите млади луѓе кои пострадаа во пожарот во дискотеката на смртта во Кочани во раните утрински часови во неделата.
Крис Павловски е Канаѓанец со гордо Македонско потекло кој што е дел од Управниот одбор на платформата Македонија 2025 која што работи на полето на промоција и афирмација на можностите за развој на економијата во нашата држава.
“Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав милион денари во Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите,”
-напиша сопственикот на Рамбл Крис Павловски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина