СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ф.(57) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во седум наврати во текот на 2023, 2024 и 2025 година, пријавениот противзаконски изведувал огномети на подрачјето на Штип. Имено, тој до СВР Штип доставувал известувања за огнометите на кои се потпишувал и употребувал печати од две правни лица од Штип, во кои претходно бил управител, а кои биле избришани од Централниот регистар во 2016, односно во 2018 година.Kri
Кривична против штипјанец кој незаконски изведувал огномети на подрачјето на Штип

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”