На 26 јули со почеток во 20:00 часот, на отворањето на манифестацијата „Крушево – град на култура, историја и традиција“ ќе настапи групата Синтезис на плоштадот „Никола Мартиновски“ во Крушево.
Истиот ден започнува и Етно саемот во организација на „Цвет“ во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“.
На 27- ми и 28-ми јули ќе се одржи П.С. Гитар фест, а на 29-ти литературни читања со неколку писатели и поети од Крушево. За 30-ти јули е закажана така наречената „Вечер за театар“ со театарската претстава „Сомнително лице“ на драмското студио при домот на култура „Илинден“, Демир Хисар.
Крајот на овој настан ќе го означи пристигањето на коњаницата на 31-ви јули во 18 часот пред градскиот парк во Крушево. „Крушево – град на култура, историја и традиција“ се организира за прв пат во Крушево и има за цел да го претстави Крушево низ призмата на културното наследство, историјата на градот и традицијата која крушевчани ја негуваат.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!