БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кујната на СДСМ го работи тоа што најдобро го знае: Конструкции, полувистини и фалсификати во недостиг на политики за подобар живот на граѓаните

Пренеси го гласот

Со соопштение СДСМ во јавноста изнесуваат некакви табели на копии на хартија кои што се аматерски фалсификат од кујната на СДСМ.

СДСМ преку нивниот партиски портал споделуваат некаков наводен план за лажни вести и анкети со кој што сакаат да оцрнат во јавноста повеќемина поединци во ВМРО-ДПМНЕ к но и останати луѓе, кои што се препознатливи помеѓу народот.

-се вели во соопштението на СДСМ на нивниот партиски портал каде што се споделени фалсификувани табели, лани имиња, конструирани табели со измислени функции и активности.

Доказите дека станува збор за смешно сценарио од кујната на СДСМ се дека на именуваните лица во фалсификуваните табели им се погрешени имињата, скенираните листови кои се споделуваат во сооптшението се со несоодветен квалитет од некакви копирани листови хартија и графички ознаки кои што не соодветствуваат со партиските ознаки на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто графиката која ја споделува СДСМ на овие листови би се користела за интерна употреба помеѓу неколкумина во ВМРО-ДПМНЕ, ако не е да се остави лажен впечаток во јавноста дека станува збор за наводни официјални табели?

Дополнително самите потписи кои што ги споделуваат т.н. шок новинари во црно-бела форма обележани со маркер се докажува дека се фалсификат за лица на кои што СДСМ сакаат да им го урнисаат кредибилитетот. Ваквиот фалсификат и злоупотреба на лични потписи на поединци е казниво дело според нашите закони.

СДСМ во своето манипулативно соопштение пренесува и имиња на непостоечки луѓе како што е името на некој си Ивица Грамбозов кој што не постои како човек а презимињата на поедини активисти на ВМРО-ДПМНЕ се напишани со добро познатата неспособност на луѓето во СДСМ за промашување на презимиња дури и на нивниот претседател.

Датумот кога е одржана седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за која постои соопштение во јавноста и е јавно познат настан е 05,12,2023 година, но неспособните креатори на самото соопштение ја навеле годината 2024.

За да биде манипулацијата целосна во фалсификуваните документи се вметнати општо познати јавни настани, претходни медиумски прилози и извадоци од медиуми со што се создава привид на автентичност која во умот на креаторите на ова сценарио треба да создаде привид на вистина.

bregalnickimarketing

Понатаму ваквата конструкција во партиското соопштение на СДСМ ја пласираат во јавност поедини докажани мегафони на власта со што треба да се предизвика политичка штета на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која што е на сигурен пат да ја сртуши актуелната ненародна и анти македонска власт на СДСМ и ДУИ.

Самото партиско соопштение од штабот на СДСМ поедини медиумски јастреби се обидуваат да го растурат како вреќа со пердуви во пресрет на кампањата за претседателските избори, со што јавноста би требало да се занимава со нивните конструкции а не со реалната понуда на кандидатите на изборите, нивниот кредибилитет и капацитет.

Вака креираната манипулативна кампања на СДСМ споделена преку нивниот партиски сајт би требало да создаде облак пред почетокот на кампањата за претседателските избори околу промашените изминати 5 години од мандатот на Стево Пендаровски како и неговата безидејност да понуди некаква политичка платформа за подобар живот на граѓаните во претстојната кампања.

Глупата пропаганда која што ја превземаат и шират во јавноста партиски мегафони на СДСМ е толку провидна што посериозните медиуми кои што држат некаков новинарски стандард во медиумскиот простор во државата воопшто не ја пренесуваат, со исклучок на неколку поединци кои се познати по својата провладина реторика во изминатите години.

Станува збор за смешна конструкција која што познавачи на начинот на работа на СДСМ ја квалификуваат како последен обид за спас на Ковачевски и неговите неколкумина блиски соработници кои што се позиционираа на листите за кандидати за пратеници кои сакаат преку пратенички имунитет и подоцна кукање кај меѓународните фактори одговорноста за нивните злодела да ја квалификуваат како политички прогон по падот на СДСМ и ДУИ од власта.

Креирано од:


Пренеси го гласот