БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кумановскиот театар “Физика на тагата“ ја одигра и во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Експеримент, неистражен терен, пионери во обидот да се најде врска меѓу физиката и тагата. Седум физичари влегуваат од приказна во приказна, водејќи се по романот на Георги Господинов со намера да ја откријат мерливоста на тагата и со тоа да остварат нови практики во физиката.

Претставата “Физика на тагата“ во режија на Милош Б. Андоновски преку забавен начин раскажува и преку едноставност задлабочува. Како тагата се пренесува од лични приказни на трети лица до ликови кои само ги интерпретираат нивните приказни.

“Тагата е во оној што набљудува, а не во објектот на опсервација“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Романот на Георги Господинов нуди многу начини на сценско прикажување кој на различен начин ја отвара темата на тагата, а претставата во кумановскиот театар е една перспектива од лавиринтот на можности.

Во претставата ќе ве фасцинира токму тоа знаење, знаењето што го имаат луѓето кои читаат книги. Зад оваа претстава стои авторски тим од млади театарски професионалци кои знаат да прочитаат книжевно дело така за да тоа, колку и невозможно да се чини , биде „штоф“ за речиси подеднакво возбудлив театар. Оваа претстава зборува за тагата и за важноста од сочувствувањето со другиот.

„Човек може да биде сѐ само ако сочувствува со другиот“, вели еден од ликовите во претставата. Не можеме да одбереме што ќе чувствуваме, а што не.

Треба да се препуштиме и најпосле ќе сфатиме дека никогаш не сме биле сами.

Во претставата играат: Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Александра Пешевска, Јасмина Василева, Нина Максимова и Симона Димковска. Претставата “Физика на тагата“ е и дел од репертоарот на драмски претстави на Домот на културата “Тошо Арсов“ во Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace