БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лефков: Власта со ребалансот го зголемува буџетскиот дефицит а ја намалува вработеноста во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешниот трет ден од расправата за донесувањето на ребалансот на Буџетот на Владата на Република Македонија, пратникот Миле Лефков од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги разобличи дефектните точки на спроведување на владини политики преку имплементацијата на предвидувањата за трошење на буџетските пари на сите граѓани на државата.

Лефков алармираше за порастот на дефицитот на буџетско трошење што во пракса би подразбирало нови задолжувања на државата, додека нивото на поддршка за вработувања се намалува во однос на претходно дефинираниот Буџет чиј ребаланс се носи.

Дополнително Лефков алармираше за високите давачки за граѓаните наметнати од потребите на владата за реализација на нивните партиски политики на штета на сите граѓани. Тука е растот на стандардот на потрошувачката на семејниот буџет на граѓаните наспроти зголемувањето на невработеноста, можноста за инфлација на монетарен план, со што по правило ќе предизвика тонење на Македонија со драматично продлабочување на јавниот долг на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лефков обрна особено внимание во својата дискусија на трошењето на власта енормни пари на граѓаните за буџетски расходи за плати и надоместоци за администрацијата што предизборно би значело предизборен поткуп во функција на кандидатите на локалните избори од владеачката гарнитура.

Целото обраќање со уште повеќе аргументи за лошото буџетско планирање на власта преку актуелниот ребаланс може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот